Природен тоник за енергија кога најмногу ви е потребна

Доаѓа 3 часот попладне и веќе немате трпение да заминете дома. Работните обврски се таложат, но не сте баш расположени да ги завршите, особено не кога енергијата ви е на минимум и работното време е при крај.
Во вакви ситуации најчесто посегнуваме по нешто слатко или шолја кафе, но постои пијалак кој е одлична природна опција да си ја вратите енергијата.
Медот ќе ги задоволи и двете потреби, кокосовата вода ќе го хидрира организмот, а солта делува како природен електролит – овој тоник ќе го подготвите за две минути.


Потребни состојки:
2 шолји кокосова вода
Сок од 2 лимети
Сок од 1 лимон
⅛ лажичка сол
1 голема лажица мед
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер. Блендирајте додека не се стопи медот.
Испијте веднаш или чувајте го пијалакот во фрижидер најмногу 3 дена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.