Пролетна чорба од коприва

Копривата освен што е лековита, претставува и богат извор на масти, белковини, калциум, железо и витамини. Чајот од коприва се користи против опаѓање на косата и зацврстување на влакното, но освен како чај копривата може да ја подготвите и како вкусен оброк.
Состојки потреби за чорба од коприва: 200 г коприва, 1 лажица масло, 20 г путер, 25 г брашно, 1-2 чешне лук, рендано мускатно оревче, малку сол и бибер, 100 мл млеко, 1 жолчка.
Подготовка:
Исчистете ја копривава, полијте ја со врела солена вода и кратко време варете ја. Потоа ставете ја во блендер и додајте течност. На загреано масло и путер препечете го брашно, додадете го изгмечениот лук, копривата, сувиот зачин и гответе околу 5 минути.
Потоа додадете го ренданото мускатно оревче, биберот и 50 мл млеко. Останатото млеко измешајте го со жолчката и додадете го во чорбата со постојано мешање. Варете уште неколку минути.
Послужете ја чорбата со препечени коцки леб.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.