Путер колачиња со кокос и мелени ореви

Потребни состојки:
200 г путер
200 г шеќер
350 г брашно
100 г мелени ореви
50 г кокос
1 или 2 јајца

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Начин на подготовка:
Изматете ги путерот, шеќерот и јајцата(1 големо/2 помали) и додадете ги сувите состојки. (Тестото треба да не е меко, по потреба додадете повеќе брашно). Исукајте кора и исечете си форми по желба. Печете ги на 200-220 степени околу 10 минути. Откако ќе се изладат можете пола да ги прелиете со растопено чоколадо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.