Путин пееше на Црвениот плоштад во Москва, по анексијата на 4те области кои се со големина на Португалија: ТИЕ СЕ НАШИ ГРАЃАНИ – ЗАСЕКОГАШ!

По говорот во центарот на Москва, при што го нарече „историски денот на потпишувањето на договорот за анексија на четири украински територии“, Путин пееше.

Путин пееше на Црвениот плоштад во Москва, по анексијата на 4те области кои се со големина на Португалија: ТИЕ СЕ НАШИ ГРАЃАНИ – ЗАСЕКОГАШ!

Владимир Путин одржа говор на митинг-концерт на Црвениот плоштад во чест на резултатите од референдумот за пристапување кон Русија на регионите ДПР, ЛНР, Керсон и Запорожје.

Путин пееше на Црвениот плоштад во Москва, по анексијата на 4те области кои се со големина на Португалија: ТИЕ СЕ НАШИ ГРАЃАНИ – ЗАСЕКОГАШ!

Претседателот на Русија денот на потпишувањето на договорот го нарече историски. Тој истакна дека Русија им дала право на глас на жителите на овие региони и тие го направиле тоа. Според него, со години се обидувале да ја искоренат историската свест кај жителите на Донбас, но ја задржале љубовта кон својата татковина.

Со децении се обидуваа да ја искорнат историската свест од овие луѓе, да им ги уништат традициите, да им забранат да зборуваат на својот мајчин јазик, да ја забранат нивната култура, ништо не успеа. Овие луѓе во срцето ја носеа љубовта кон својата историска татковина, ја пренесоа на своите деца – рече тој.

Путин додаде дека со приклучувањето на нови територии, Русија ги отвора не само вратите, туку и срцето.

Путин пееше на Црвениот плоштад во Москва, по анексијата на 4те области кои се со големина на Португалија: ТИЕ СЕ НАШИ ГРАЃАНИ – ЗАСЕКОГАШ!

Покрај тоа, Путин ја истакна важноста на овој чекор за Русија. Според него, со пристапувањето на Керсон, Запорожје и Донбас земјата добила уште поголема сила.

На социјалните мрежи кружат и видеа на кои се гледа како Путин пее на Црвениот плоштад по неговиот говор.

Да потсетиме, Путин претходно потпиша договор за припојување на четири украински територии кон Русија, што Западот остро го осуди.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.