Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија во Иран

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше со иранскиот претседател Масуд Пешмерга и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопшти Кремљ.

Путин наводно рекол дека Русија ги осудува постапките на Израел, за кои рече дека се во спротивност со Повелбата на ОН. Најважни делови од разговорот со иранскиот претседател со Путин:

Изрази сочувство до раководството и народот на Иран поради бројните човечки жртви како резултат на израелските воздушни напади;

Нагласи дека Русија ги осудува постапките на Израел, кои се во спротивност со Повелбата на ОН и нормите на меѓународното право;

Потврди дека Москва ќе продолжи да ја поддржува деескалацијата на конфликтот меѓу Иран и Израел;

Потсети дека Русија постојано ги поддржува напорите за мирно решавање на ситуацијата околу нуклеарната програма на Иран.

Најважни детали од разговорот на Путин со израелскиот премиер:

Путин ја истакна важноста од враќањето на преговорите како алтернатива на понатамошното влошување на ситуацијата;

Двете страни изразија подготвеност за медијациски напори за да се спречи понатамошна ескалација на тензиите.

Според иранската изјава, претседателот Пежешкијан му рекол на Путин дека Техеран ќе даде „соодветен одговор“ на израелските напади.

Пронајдете не на следниве мрежи: