Пченкарна пита со сирење

Потребни состојки:
(за 6 лица)
500 г тенки кори за пита
300 г кајмак
100 г крем сирење
200 мл јогурт
2 јајца
Половина прашок за печиво
30 г семки од тиква
250 г палента
Сол
Масло
Начин на подготовка:
Тенките кори за пита пресечете ги по ширина и покријте ги со влажна крпа за да не се сушат додека да го подготвите филот.
За фил промешајте кајмак, сирење, јајца, 50 мл масло, јогурт, прашок за печиво и семки од тиква. Додајте сол по вкус.
Земајте по две кори, на првата капнете неколку капки масло и размачкајте, преклопете, па на другата намачкајте две лажици од филот.
Страничните делови преклопете ги кон внатрешната страна и замотајте како ролат. наредете го рерна. Премачкајте со остатокот од филот(без семките) и наросете со палента. Печете во рерна на 200 степени околу половина час.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.