Радев: Сакаме Македонија да влезе во ЕУ, но не на сметка на правата на Бугарите

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека го поддржува членството на Северна Македонија во ЕУ, но не на сметка на правата на Бугарите.

„Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија значително ќе го забрза патот на земјата кон Европската Унија и се надевам дека нашиот југозападен сосед ќе го стори тоа што е можно поскоро за да ги отвори вратите за преговори за полноправно членство“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев на средбата со претставници на организациите на бугарската заедница во Македонија од Битолс, Охрид, Скопјe, Прилеп, Кавадарци и Кочани, соопшти прес-службата на шефот на бугарската држава.

Радев рече дека должност на секоја демократска држава е ефикасно да ги заштити правата на сите свои граѓани и да го гарантира нивното право на самоопределување.

„Сите се надеваме дека интеграцијата на Македонија ќе се случи што е можно поскоро, но тоа не може да се направи на сметка на правата на бугарската заедница во земјата“, нагласи бугарскиот претседател.

Во овој поглед, Радев изрази надеж дека властите на РСМ ќе го спроведат европскиот компромис од 2022 година што е можно поскоро и ќе ги вклучат Бугарите во својот устав.
The post Радев: Сакаме Македонија да влезе во ЕУ, но не на сметка на правата на Бугарите appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: