Мрежата преку која во САД и во Канада илегално се префрлиле повеќе од 600 Романци, е разбиена во Романија, соопшти во вторник државното обвинителство задолжено за борба со организираниот криминал.Кандидатите за емиграција биле „собирани“ на југот на Романија, а потоа биле превезувани во Мексико, од каде илегално ја минувале границата со САД. На некои подоцна им била пружана помош илегално да влезат во Канада, наведува обвинителството.
Емигрантите морале да платат околу 8.000 долари за да стигнат до одредиштето.Водачите на мрежата, која имала седиште во Крајова, на југот на земјата, заработиле околу милион долари од криумчарењето луѓе.
МакфаксМрежата преку која во САД и во Канада илегално се префрлиле повеќе од 600 Романци, е разбиена во Романија, соопшти во