РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ ИЛИРИТЕ-АЛБАНЦИ И ГЕГИТЕ (ТРЕТ ДЕЛ)

Најнапред текстот ќе го отворам со познатото дело на македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев. Во неговото дело „Сердарот“ (грчки: Ο Αρμάτωλος) напишано во 1860 година има многу интересни изјави што ќе ни бидат од исклучителна корист.

Grigor_Parlichev_cropped.jpg

Германската научничка Доротеја Кадах во серија на статии објавени првенствено на германски јазик во Минхен, истакнала дека врз основа на двете постоечки верзии на поемата „Сердарот“ (грчката и македонската), треба да дојде до нова интерпретација на целата поема . Доротеја при своите истражувања открила суштински разлики како во метриката и обемот, така и во основната народносна насоченост на двете варијанти . Таа укажува на фактот дека во грчката верзија (оргиналот) на поемата се опишани борбите на две албански групации – христијани и мухамеданци, додека пак во преводот (преработката) на Прличев во новата македонска верзија на поемата (од 1870 година) која требало да му биде испратена на Јосип Јурај Штросмајер во стихот 397 главните херои се означени како Бугари, т.е македонски Словени.

Прличев ги смета македонските Словени, тогаш, за Бугари или поточно за интегрален дел на бугарската етничка општност. Такви се: Кузман, мајка му Неда, Стајко и други, наречени од Прличев кротки Бугари.

Во следните редови ќе бидаат дадени трите оргинални белешки, кои се наоѓале во првото издание, првпат преведени на македонски јазик и објавени од страна на Гане Тодоровски во текот на научниот симпозиум на темата „Животот и делото на Григор Прличев“ одржан на 10 и 11 мај 1985 година во Скопје.

СИМ. АЛФА

Под името Река се разбираат околу 20 села на североисток од Дебар, населени од горди Албанци, коишто речиси единствени ја сочувале чистата и негибната источно – православна вера, наследена од дедовците. Обиколени отсекаде од Турци ( мисли секако на муслимани – Г. Тод) како овци сред волци, тие живеат страдалнички живот и стенкаат постојано под насилствата на Гегите од Дебар и неговите околии. Навистина, тие поначесто добиваат дозволи од владата да се бранат со оружје од разбојниците, но што ли можат да сторат многубројните земјоделци пред мажи диви, безбројни, кои живеат од мали со оружје во рацете? Затоа не чудно што сите Албанци се отстапници од верата

СИМ. ВИТА

Мнозина Албанци, кога е за даноци, се јавуваат како Турци, а кога е за воена служба – (одеднаш) како (крстени) христијани. Кај мнозина други сопствените имиња се отомански а татковксите (прекарите) се христијански, та сведочат за она време, кога нивните дедовци се одметнале. А трети, неоти поитри, тајно се чисти христијани, а јавно – чисти Турци. Тие имаат и двојни имиња: едното се дава (на рулчето) од имамот со тржество и парада и со него си служат во општествениот живот, а другото – од попот, којшто без бавење се повикува втората вечер да го изврши (преоблечен) крштелното таинствено скрито. Ова име служи за во домашниот живот. Оваа вавилонија царува и при други (религиозни) обреди. Овие обичаи постојат по краишта и села, исцело или делумно

СИМ. ГАМА

Сите живеачи на Албанија, по мисли, изглед, облека, нарави и обичаи личат јасно дека не се ништо друго освен Елини, воопошто сите се обдарени со голема великодушност (т.е гордост), остроумност и благородство. Гостопримливи се и верни како никој друг народ. За свештена клетва ја имаат туѓата сол, чесни се, крајно слободољубиви и бестрашни во битките, ако не се земе под внимание варварството и беззаконието, истата карактерситика ја имаат и Турците, коишто впрочем не се ништо друго освен христијани што се одметнале под гнетот (камшикот) на тиранијата, како што излегува од реченото (белешката Вита). Го примиле мохамеданството, затоа што само тоа може да го олесни овој слободољубив народ од тежината на тогаш силното турско господство. Турскиот јазик уште останува непознат во Албанија. Турците и христијаните зборуваат еден општ јазик – албанскиот, воинствен јазик, освен поцивилизираното племе на Тоските, коишто често го претпочитаат грчкиот јазик и неговата писменост. Пожелно е зналците на албанскиот јазик да се позанимаваат со темелното филолошко прашање за родството на албанскиот со староелинскиот, за да се покаже и на тој начин братството на Албанците со Елините, чијашто погибел ја оплакува Елада како древната Ниобе лишена од своите деца.

Од делото на  Григор Прличев можеме јасно да воочиме дека станува збор за два различни народа кои го носеле името Албанци, кои се разликувале не само верски, туку и по она како живееле и како се однесувале. Не би сакал со ова да го одбранам христијанството како некоја добра религија, која и самата е еден вид на абрахамска “пустинска” и не родна вера за ова наше европско Илирско-Албанско население, туку би сакал да дадам една мисла што се однесува дека постоеле два различни народи, и секако не верувам дека би имало некаков конфликт и војна против сопствениот народ само поради наметнување на некаква муслиманска религија. Не, очигледно е дека имало два различни соја кој што со текот на времето се стопиле под едно те исто древно име – Албанци. Најпрвин ќе кажам дека Балканските Албанци како дел од Илирите биле претопени и асимилирани од страна на Римјаните, слично како што тоа се случило со Дакија која и самата постанала исто така една Римска секундарна држава – Романија, каде и таму јазикот и културата претпеле драстични коренски промени и нормално постанале дел од самата романската група на јазици.

Дакијци (Дачани или Гети) — древен индоевропски народ кој главно живел на територијте на денешна Романија, Молдавија, но исто така во северна Бугарија. Тие биле Тракиско-Илирски народи.

 

Untitled.jpg

Дакија 82. п. н. е.

Дакијците или по традиционалниот лтински изговор Даци (Daci; ангрч. Δάκοι, Δάοι, Δάκαι), се Тракијски племиња настанати на подрачјето на денешните држави Романија и Молдавија. Дакијците заедно со останатите Тракијци припаѓаат на Тракијско-Илирската гранка на Индо-Европејците, меѓутоа ова  И.Е. не е древен термин туку ново компониран од страна на новата историја и нејзините историчари. Современите Молдавци и Романци се од нивно потекло но секако не би го изоставил ромејскиот ген кој е повеќе од очигледен на оваа територија. Подрачјето на стара Дакија било пораспространето од денешната Романија. Разните дакијски племиња се обединиле околу 60 г.п.н.е. Рим ова подрачје го освојува од 101—107. године, во добата на царот Трајан, кој ги водел двете дакијски војни.

На оваа карта се наоѓа дури и името на едно од племињата со име –Албанци (Albocenses).

Списокот на племињата во Дакија:

  • Albocenses –
  • Anarti –
  • Apuli – средишна Трансилванија. Средиштето им било Apulum (Piatra Craivii)
  • Biephi –
  • Buridavenses – северна Молдавија.
  • Calipizi – Помеѓу Дњесар и Буга.
  • Carpi – Источно од Карпатите и западно од Дњестар. По нив Карпатите го добиле името.
  • Caucoenses –
  • Ciagisi –
  • Costoboci – Подручјето на современа Украјина и Молдавија (североисточна Дација).
  • Cotenses –
  • Crobobizi – Добруџа.
  • Keiasigi –  Трансилванији.
  • Piephigi – Молдавија
  • Potulatenses –
  • Predavenses –
  • Ratacenses –
  • Saldenses – Банат и Крисана во Романија.
  • Sienses –
  • Suci – кај сливот на Олта.
  • Teurisci –
  • Trizi.- Добруџа
  • Tyragetae – сливот на Дњестар.

A_view_on_6th_to_8th_century_ethnic_distribution_in_Romania.png

Власи – романизирани потомци на Дакијците на подручјето на современа Румуније, 6-8. век

Илирите располагале со културни обележја, обичаи и верувања. Тие верувале во задгробен живот, а исто така ги толкувале и природните појави како желби на нивните богови. Најпознати богови биле Видасус (Световид?), Магла, Биндус и др. Кaj Хистра познати сe: Еиа, Мелесоцус, Бориа, Ириа. Интересни имиња секако. Ирија имаме река во Русија. Додека Борија е веројатно ветерот Бореј/Хипербореј.

Илирски племиња :

  • Abrei, Abroi (Абри)
  • Albanoi (Албани)
  • Amantini
  • Andizetes (Андизети)
  • Ардијејци
  • Ardiani
  • Arrianes
  • Atitani, (Атитани на Епир)
  • Аутаријати
  • Breuci
  • Carni
  • Chaones (Хаонци)
  • Chelidonioi (Хелидонци)
  • Colapiani (Колапијани)
  • Daesitiates (Дезитијати)
  • Dalmatae, Delmatae (Далмати, Делмати)
  • Daorsoi (Даорси)
  • Dardani (Дарданци)
  • Dassaretae (Дасарети)
  • Daunii (Дауни)
  • Deraemistae (Деремисти)
  • Derentini
  • Deuri
  • Dindari
  • Ditiones
  • Доклеати
  • Енхилејци
  • Glinditiones (Глиндитиони)
  • Grabaei
  • Histri (Истра)
  • Iapodes, Iapudes, Iapydes (Јаподи, Јапуди)
  • Iasi (Јаси)
  • Iapyges (Јапиги)
  • Лабеати
  • Latobici
  • Liburni
  • Maezaei (Мезеји)
  • Melcumani (Мелкумани)
  • Messapii (Месапи(јци) .
  • Molossi
  • Naransii
  • Oseriates (Осеријати)
  • Paeligni (Пелигни)
  • Paeones (Пеонци)
  • Parthini (Партини)
  • Penestae (Пенести)
  • Peucetii
  • Picentes (Пикенти у Италија)
  • Пирусти
  • Плереји
  • Poediculi ( Италији)
  • Sallentini (Салентини)
  • Sardeaties
  • Scirtones, Scirtoni
  • Seleiitan
  • Sesareti
  • Taulanti

Illyrian_Elite_Noble_Footman_or_Footsoldier_(English).jpg

Илирите исто така имале и свој јазик (верувам пра-словенски), но со потпаѓањето под римска власт настапил период на романизација, па постепено започнале да го прифаќаат латинскиот јазик, а својот јазик постепено го изгубиле. Илирите ја одржувале својата држава се до крајот на 3 век п.н.е. кога Римјаните за да го спречат гусарството на Илирите кои го попречувале слободното одвивање на трговијата на римските морепловци-трговци и во римско-илирските војни 229-228 година п.н.е. и 219 г.п.н.е. биле поразени и изгубиле голем дел од територијата која потпаднала под римска власт. Последен илирски крал бил Гентиј којшто дури склучил и сојузништво со последниот македонски крал Персеј, но сепак и двајцата биле поразени од Римјаните. Најголем подем илирската држава постигнала во 5 век п.н.е., а најпознати владетели на илирската држава биле Грабос, Бардалис, Аргон, Гентиј, како и кралицата Теута. Најчесто престолнина на илирската држава бил градот Скадар.

Со распаѓањето на родовско-племенското општествено уредување, во III век п.н.е. било формирано и Ардијанското Кралство, на чело со првиот крал Агрон. Тоа се простирало во делот на денешното Црногорско Приморје, со центар во Бока Которска.

Кралот Агрон подоцна го проширил кралството и во јужна Херцеговина до долниот тек на реката Неретва. Исто така, кон неговата држава приклучил и територии на југ, потчинувајќи некои од тамошните илирски племиња.

Освен тоа, кралот Агрон создал моќна флота. Тој презел поход и во јужна Илирија потчинувајќи ги Лабеатите со центар во Скадар. За кратко време се проширил до јадранските острови на територијата на денешна Албанија до реката Војуша (Вјоса).

По смртта на кралот Агрон власта ја наследила неговата жена Теута. Таа настојувала да ја зацврсти власта и создала уште помоќна флота на Јадранското Море. Меѓутоа, наскоро се нашла пред опасноста од својувањата на римската држава.

Да се вратиме сега на денешната ситуација. Познато е дека E-v13 е најбројна хаплогрупа на Косово. Сум видел тема во врска со ова, каде Стивен Бирд (типот кој ја објави теоријата за врската помеѓу  E-V13 и во Британија), кажува дека го збунува тоа што Албаницте тврдат дека се староседелци на Балканот, и згора на тоа според објавените генетски студии се чини дека бројот на варијации во  E3b1a2 генетските профили на Албанците е низок во спореда со Апулија (Јужна Италија) или Македонија. Тоа обично укажува на млада” и нова популација. И тоа е сосема нормално, бидејќи најпрвин Аријските Илирски-Албанци биле уништени со геноцид и дел бил претопен од самите освојувачи Римјаните, додека другите племиња кои дошле од предилите на Кавкаска Албанија – Аран (Дагестан, Азербеџан) па веројатно и Чеченија била струјата на Гегите кој ги донела на овие простори Османлиската Турска Империја, но можеби и Византија-Ромеја. Морам да напоменам дека Гегите немаат никава културолошка и генетска поврзаност со древното Кралство Албанија што се наоѓало на оваа територија.

Убеден сум дека ова кралство е основано од Аријската струја особено сум убеден дека барем елитата на ова кралство била сочинето од Аријците, додека локалното  население било од сосема поинакво арапско-семитско потекло со примеси од турко-монголите. Ќе образложам подолу како завршила судбината на ова кралство и како истото било под Римско покровителство.

Исто така I1b (I2 или како и да се нарекува сега), кој се врзува за Илирите, Динарците…постои во Босна, Хрватска, Србија и Албанија (со тој ред по застапеност), меѓутоа на Косово едвај да се јавува.

Ако E-v13 е најбројна хаплогрупа на Косово, за разлика од Албанија и Србија и неспоредливо мал процент на I1b, и ако се земе во обзир она што Бирд го рекол, зар тоа не би значело дека E-v13 дополнително стигнала на Балканот?

Постојат две етнички подгрупи на Албанците. Тоа се Гегите, кои го населуваат северното порачје на Шкумба и Тоските, кои се на југ. Косовските Албанци се Геги. Постои голем географски простор помеѓу двата региона, којшто го вклучува и главниот град на Албанија — Тирана.

Гегите, кои претставуваат две третини од популацијата, се помалку мешани со неалбанците од Тоските, кои низ историјата потпаѓале под разни влијанија. Во минатото Гегите биле организирани во кланови а Тоските во полу-феудално општество. Пред Втората светска војна Гегите доминирале со Албанската политика, но по војната многу од Тоските доаѓаат на власт, заедно со новата комунистичка влада.

За време на владеењето на Енвер Хоџа, културните разлики помеѓу Гегите и Тоските се потиснати. Во граѓанските немири во 1997 во Албанија, оваа разлика станува јасно видлива, со тоа што Гегите го поддржуваат националистот Сали Бериша, а Тоските се спротивставуваат.

Поголемиот број на Албанци го зборуваат албанскиот јазик, којшто е од индо-европската група на јазици. Постојат неколку варијации на албанскиот. Двете главни се Гег и Тоск дијалекти. Албанскиот јазик е сатем јазик, додека Илирскиот јазик е кентум, што би го побило секое тврдење дека денешните Албанците се Илирски потомци. Да, меѓутоа само многу мал дел носат ген од древните Илири. Денешните Албанци како што реков се измешани и асимилирани најпрвин од Римјаните, но и од планинските примитивни племиња од Кавказието каде што тие денеска го носат заедничкото име – Албанци.

Надвор од Балканот, E-v13 јавува во значаен број помеѓу останатите и помеѓу Друзините (Друзите), кој се затворена верско-етничка заедница која со векови не прима нови членови во својата вера/народ. Воинствениот планински народ, потаму доста сличен со некогашните Мардаити и донекаде со денешните Албанци. Посебно треба да се каже за така наречената Кавказка верзија за настанокот на Албанија, поврзана со некогашната Кавкаска Албанија. Дури и самите албански истражувачи тврдат дека таа државна творевина нема никаква врска со балканската Албанија и балканските Албанци. Меѓутоа во древните времиња и те како имале допрна точка. Денешната ситуација прави голема забуна, меѓутоа во тоа време се работело за еден ист аријски народ. Според најдобрата аргументирана верзија, во почетокот жителите на Кавкаска Албанија биле Албаните, членовите на племињата од областа Казахи (Козаци). Тоа било сојуз од 26 племиња кои говореле на јазиците на лезгинскиот огранок нахо-дагестанската јазична фамилија. Меѓутоа сметам дека некогаш се зборело на јазик многу близок до древно персискиот (авестинскиот) и древно-индискиот (санскритот). Инаку од каде кај овие народи се нашле руните? Поточно т.н. “Турски Руни”, како што милуваат историчарите да ги наречат.

Според историските објави Кавкаска Албанија настанала во периодот од крајот на 2-риот до средината на 1-виот век п.н.е., каде на југоисток од Кавказот се појавила древна држава на територијата на денешниот Азербеџан, Грузија и Дагестан. Преку ерменската област припаднало Албанското царство 387 година во приликата на поделбата на Ерменија помеѓу Сасанидскиот Иран и Римската Империја. Албанското царство ја изгубило самосталноста во 5 век н.е., кога Кавкаската Албанија постанала провинција на Сасанидската држава, каде го добила персијското име – Аран / Ариан.

Во осмиот век Арапите ја запоседнале земјата околу Каспиското море и позади Кавказ. Тамошното домородно население го измешале и го превеле во ислам и ги воделе со себе како помошни чети во борбата против христијаните. На средоземното море се воделе чести борби помеѓу Арапите, како представници на исламот со Ромеите, како представници на христијанството. Арапите го одземале од Ромеја поголемиот дел од Сицилија и еден дел од јужна Италија, па за да се зајакнело исламското населеие во овие делови од земјата довеле со себе еден дел од населението на Кавкаска Албанија кое веќе во тоа средновековно време било арапизирано и исламизирано и немало допирна точка со древните Албанците/Аријици (можеби имале и делимично некое крвно мешање со Аријците). Арапското освојување на Сицилија траело долго време од 827 до 878 година. Сицилија е поделена на два дела, исламски дел, па одтука и името Две Сицилии. Христијаните биле потиснати во североисточниот дел од островот. Византија на тој дел од островот ги држеле значајните воени сили. Византијците успеале да го превземат од Арапите еден дел од островот и тука се затекнале исламизираните Албанци. Во повеќето случаи повторно се враќале на христијанство кое заедно со својот брат имаат ист татко – Јудеизмот.

Византија/Ромеја во 1042 година, ја нападнала Србија и испратила две војски преку Епир, долж поморјето. Тогашниот млад цар на Србија, Војислав, ја сотрел во две битки византијската војска. Овој тежок пораз во војната со Србија, предизвикал нереди во Цариград. Византијскиот воен војсководец на Сицилија, по име Ѓорѓи наречен Манијак, се одлучил на побуна со цел да ја превземе власта во Цариград. Ја качил својата војска и еден дел од Албанците кој ги зел со себе како помошна чета. Тие со себе ги воделе своите жени и деца. Со таа шарена војска се истоварил во Драч во месецот март 1043 година. Како што тогаш Србија била во воен однос со Византија, Манијак сметал на некои српски симпатии. Манијак со себе довел само еден мал дел од Кавкаските веќе арапизирани и исламизирани “Алабанци”, каде повеќето од нив останале на Сицилија во јужна Италија. Сите со текот на времето биле покрстени и итализирани, така што денес кај нив се задржало само сеќавањето на нивното потекло. Тоа сеќавање на нивното албанско потекло се задржало повеќе кај оној дел од народот кој се одселиле од Италија во Америка, него кај оние кој останале во Италија.

После истоварувањето во Драч, Манијак тргнал со својата војска во правец кон Цариград. Византијската војска, која останала верна на својата влада, го пресретнала Манијак кај Дојранското Езеро и тука дошло до голема битка во која Манијак погинал. После неговата смрт преостаната негова војска се предала. Византијците ги примиле Манијаковите византијски војници, но не и странците, Албанци.

РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ ИЛИРИТЕ-АЛБАНЦИ И ГЕГИТЕ (ВТОР ДЕЛ)

РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ ИЛИРИТЕ-АЛБАНЦИ И ГЕГИТЕ (ПРВ ДЕЛ)

Извор: СВАРОГ

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.