Албанскиот премиер Еди Рама од Париз, каде што учествува на Форумот за мир, повтори дека е за прекин на огнот во Газа и истовремено укажа на опасноста што овој конфликт може да ја има за регионот на Западен Балкан.
„Како посветена членка на НАТО, гледаме вознемирувачка шема, зла посветеност за предизвикување конфликти и сеење хаос на северната хемисфера, вклучувајќи го и Западен Балкан. Овие агенти на хаосот мора да се запрат. За жал, продолжувањето на страдањето на цивилите во Газа само ги подгрева амбициите на Хамас и другите агенти на хаосот“, изјави Рама на социјалната мрежа „Х“.
- Член на AfD предизвика меѓународен скандал: Објави мапа на „Голема Германија“, присвои територија на 12 земји
- Тошковски: Ива Михајлова нелегално ја напуштила државата
- Единаесет морнари исчезнати откако дрон потона брод покрај бугарскиот брег
- Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски поднесе оставка од лични причини
- Не е само колку спиете: REM спиењето е поврзано со помал ризик од 83 болести
- Извршниот директор на „Мајкрософт“: „Не смееме да веруваме во вештачката интелигенција“
- Базенот во Карпош предаден на користење на Националната пливачка федерација
- Отежнатото дишење по искачување по скали не треба да се игнорира: Доктор откри кога е време за грижа
- Обвинителство бара притвор за пребеганата Ива Михајлова
Тој додаде дека имал можност да се сретне со различни лидери и високи претставници на Парискиот мировен форум.
„Што се однесува до Газа, сите се согласуваме дека конфликтот и страшното страдање што го предизвикува мора да заврши“, додаде Рама.
Оваа објава му „лајкнала“ на црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ.
Пронајдете не на следниве мрежи:


