Ранѓеловиќ: Просечниот Русин веќе живее западно, и сметам дека многу тешко е да го натерате да фати пушка

Политикологот Иво Ранѓеловиќ денеска гостуваше во емисијата „Дејли Клик“ на ТВ21. Тој зборуваше за војната помеѓу Русија и Украина.

Тој не ја осудува Русија поради користење на севернокорејски војници во војната.

„Јас сум од оние кои сметам дека кога имате војна се важи, и меѓународното право не постои и не постои љубов, туку само како да се дојде до победа. Вие имате на фронтот и војници од Колумбија кои се борат на двете страни за пари. Дали дошле од Северна Кореја или од друга држава, е многу тешко да го осудите тоа, затоа што Русија си го брани својот интерес по секоја цена. Има некоја трговија тука, некаков пазар со Северна Кореја, и не е тоа нешто што би ја загрозила безбедноста. Не само северокореици, туку има и други странци, така што не мислам дека тоа што одбрале е нешто за осуда“, рече Ранѓеловиќ.

ТВ21: Може ли тоа да значи ослабување на Русија?

„Тоа е веќе интересен агол, дека Русија има сериозен проблем со регрутирање резервисти и цивилно население. Просечниот Русин веќе живее западно, и сметам дека многу тешко е да го натерате да фати пушка. Гледаме дека и Финска ја затвори границата, затоа што има десетици илјади Руси што си одат надвор, само да не бидат регрутирани“, вели Ранѓеловиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: