Растурена пита со спанаќ: Мека и полна со фил!

Ако размислувате што да подготвите за појадок или вечера, оваа пита е вистинскиот избор.
Состојки:
2-3 чаши брашно
4 јајца
400 мл. јогурт
1 кисела павлака
1 рамна лажичка сол
50 мл. маслиново масло
1 рамна лажичка прашок за пециво
100 мл. вода
100 мл. млеко
Состојки за фил:
300 гр. спанаќ
250 гр. сирење
1 јајце
неколку стебленца пролетен кромид
бибер


Подготовка : Изматете ги јајцата, потоа додадете ги другите состојки. Измешајте ја смесата за да се соедини . Додадете половина од смесата во подмачкана тава и печете ја во рерна неколку минути. Преку неа ставете го филот и остатокот од смесата. Печете на 180 степени 25-30 минути. Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.