Рафаело штангли

7 белки
200 г шеќер
200 г кокосово брашно
3 лажици брашно
300 г чоколадо
3 лажици масло
700 мл млеко
7 жолчки
2 пудинга од ванила
250 г маргарин
250 г шеќер во прав
200 г кокосово брашно
Изматете ги белките постепено додавајќи го шеќерот. Откако ќе се растопи додадете ги кокосовото брашно и брашното, и измешајте со лопатка. Нанесете ја смесата во правоаголна тава за печење, прекриена со хартија и печете ја кората 20-тина минути на 180 степени.
Чоколадото искршено на парчиња растопете го со маслото и нанесете го на изладената кора.
Во тенџере на оган ставете 300 мл млеко да зоврие. Со преостанатото млеко размешајте ги пудингот и жолчките. Додадете во тенџерето и откако кремот ќе се згусне тргнете од оган и изладете.
Маргаринот изматете го со шеќерот во прав, додадете го изладениот крем и изматете го филот. Нанесете го на стегнатото чоколадо и наросете со кокосово брашно. Изладете и исечете на штангли.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.