РЕКОНСТРУИРАНО Е ДЕТСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ВЛАЕ 2

Завршува реконструкцијата на детското игралиште во Влае 2, во спортско – рекреативната зона долж реката Вардар. Општина Карпош ги заменува старите и дотраени реквизити со нови.

На овој начин целосно се подобрија условите за рекреација и дружење на најмладите, имајќи предвид дека станува збор за еден од почесто посетените делови од Карпош.

Локалната самоуправа континуирано работи на санација и реконструкција на детските игралишта во сите населби.

Неодамна, општина Карпош направи целосна реконструкција и на игралиштата во Козле  (долж „Јуриј Гагарин“), Жданец и Карпош 4  (ул. „Никола Парапунов“).

Во Карпош има повеќе од 60 зони за најмладите и затоа ги повикуваме граѓаните на одговорно и совесно користење на овие реквизити и урбаната опрема (клупи и корпи) во рамки на игралиштата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.