Рецепти: 3 омилени десерти на кралицата Елизабета II

Познато е дека кралицата Елизабета II има посебен начин на исхрана, но покрај чајот, таа сака да пие вино или џин по оброкот. Кралицата сака и десерти, а на нејзиното мени се наоѓаат чоколадни колачи, чоколаден мус и колачи со ф’стаци. Во продолжение погледнете како да ги подготвите овие десерти.
1. Колачи со ф’стаци


Рецепти: 3 омилени десерти на кралицата Елизабета II
Потребни состојки:
95 грама ф’стаци
50 грама путер
1 лажица павлака
65 грама шеќер за глазура
35 грама кора од лимон
45 грама сушени цреши
25 грама бадеми
15 грама брашно
200 грама црно чоколадо

Начин на подготовка:
Покријте го садот за печење со хартија и премачкајте го со путер. Растопете ги путерот и шеќерот. Потоа додајте ги павлаката, малку сол, бадемите, ф’стаците, црешите и брашното. Измешајте ги сите состојки заедно. Со помош на лажичка, ставете ги во садот за печење (1 лажица – 1 кекс). Притиснете малку за колачињата да бидат рамни. Печете во претходно загреана рерна на 180 °C околу 10-12 минути. Растопете го чоколадото, намачкајте ја долната страна од колачињата и оставете го десертот да се излади.
2. Чоколаден мус


Рецепти: 3 омилени десерти на кралицата Елизабета II
Потребни состојки:
50 грама млечно чоколадо
50 грама темно чоколадо
350 грама павлака
желатин
30 милилитри виски
Начин на подготовка:
Загрејте 50 грама павлака и ставете го искршеното чоколадо во неа. Оставете да отстои 2-3 минути. Потоа изматете ја останатата павлаката додека не стане мазна. Оставете да се излади. Растопете го желатинот. Во чоколадната смеса ставете ги желатинот и вискито. Изматете ја преостанатата павлака и измешајте ја во изладената смеса од чоколадо.
3. Колач со боровинки


Рецепти: 3 омилени десерти на кралицата Елизабета II
Потребни состојки:
500 грама брашно
1 јајце
400 грама слатка павлака
65 грама шеќер за глазура
100 грама боровинки
130 грама коцки путер
2 лажици прашок за печиво
Начин на подготовка:
Ставете мала количина брашно на садот за печење и ставете хартија за печење. Измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво и 1/2 лажица масло. Ставете го путерот во смесата додека не омекне. Изматете ги шлагот и јајцето со миксер. Посипете го брашното на работната маса. Направете вдлабнатина во средината. Полека истурете ја кремастата смеса и нежно измешајте ја со брашното додека не добиете лепливо тесто. Од тестото направете торта, а потоа пресечете ја на 8 идентични парчиња. Почете околу 30-35 минути во рерна загреана на 200 °C.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.