Рецепт за колач со афион и крем од лимон

Погледнете го овој рецепт за едноставен, но сочен колач од афион.
Рецепт за колач со афион и крем од лимон
Потребни состојки:
За тестото:
3 јајца
150 rрама
100 мл масло
120 грама брашно
150 грама мелено семе од афион
половина прашок за печиво
За кремот од лимон:
3 големи јајца
150 грама шеќер
2 ќесички ванилин шеќер
малку сол
кора од еден лимон
сок од два лимони
50 грама растопен путер
За декорација:
100 грама бадеми
Начин на подготовка:
Одделете ги жолчките од белките. Направете цврста смеса од белките и оставете ја настрана. Додајте шеќер и масло во жолчките и мешајте додека смесата не стане пенеста. Во смесата измешајте ги афионот, брашното и прашокот за печиво. На самиот крај, додајте ги белките и промешајте рачно. Турете ја смесата во калап и печете околу 20 минути на температура од 180 Целзиусови степени.
Додека се пече бисквитот, подгответе го кремот. Ставете ги јајцата, шеќерот и другите состојки во сад за готвење. Измешајте ги добро со жица за матење. Ставете ја смесата на тивок оган и мешајте постојано, додека смесата не згусне. Тргнете го тенџерето од огнот и промешајте го растопениот путер додека смесата е топла. Покријте го кремот со фолија за да спречите формирање мембрана и оставете да се излади. Изладените колачиња исечете ги на половина, намачкајте го кремот на средина и на горната површина. Украсете со бадеми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.