Рецепт за крцкави компири со сирење: Толку се вкусни што нема да можете да им одолеете!

Совршено печените компири се крцкави однадвор, а меки одвнатре. Покрај тоа, мора да бидат добро зачинети. Една од опциите е да го покриете со рендано сирење и да го печете во рерна. Тоа не само што ќе го подобри вкусот на јадењето, туку и ќе ја зголеми неговата целокупна калориска вредност. Овие крцкави компири со печено сирење ќе ве заситат така што не ви треба месо или риба со нив. Компирите можете да ги посипете со секаков вид топено полумасно сирење, но доколку ставите моцарела нема да погрешите.
Рецепт за крцкави компири со сирење: Толку се вкусни што нема да можете да им одолеете!
Потребни состојки:
1 килограм црвен компир
150 грама рендано сирење моцарела
30 милилитри растително масло
1 лажица мед
1 лажичка лук во прав
½ лажичка чадена пиперка во прав
½ лажичка чили во прав
сол по желба
свеж магдонос
Начин на подготовка:

  1. Излупете го компирот и исечете го на коцки со приближно иста големина.
  2. Компирите прелијте ги со масло и мед и додадете сол, чили во прав, лук и чадена пиперка. Сè добро измешајте.
  3. Префрлете ги компирите во сад за печење и ставете ги во загреана рерна на 200 Целзиусови степени. Печете околу 20 минути.
  4. Кога компирите ќе бидат испечени и крцкави, посипете ги со уште рендано сирење и вратете ги во рерна околу 5 до 10 минути додека не се растопи моцарелата.
  5. Послужете ги со свеж магдонос. На здравје!
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.