Рецепт за пире од карфиол

Пирето не мора секогаш да биде од компири, овојпат пробајте да го направите од карфиол.
Рецепт за пире од карфиол
Потребни состојки:
1 главица карфиол
2 чаши вода
4 чешниња лук
1 лажичка сол
малку пипер
2 ловорови лисја
1 лажица путер
млеко по потреба


Начин на подготовка:
Посолете ја водата и варете ја на средна топлина. Кога ќе почне да врие, додајте ги карфиолот искинат на цветчиња, лукот и ловоровиот лист.
Кога карфиолот ќе стане мек, исцедете ја водата и извадете го ловоровиот лист. Додајте го путерот и почекајте да се стопи.
Изгмечете го карфиолот или изматете го со миксер и додајте сол и бибер по желба.
Ако е потребно, можете да додадете малку млеко во пирето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.