Рецепт за почетници: Со овој златен совет новопечените домаќинки ќе научат како правилно да го динстаат месото!

Динстаното месо е деликатно, вкусно и буквално се топи во уста. Кога ќе се направи паприкаш со зеленчук, месото ги впива вкусовите и аромите и таквите јадења се вистинско задоволство.
Постојат неколку трикови при подготовка на динстаното месо, кои мора да се почитуваат, за да бидете сигурни дека секогаш ќе имате добар резултат.
Соодветно месо за паприкаш е тврдо месо, телешки ребра и свинско месо. Убаво е да се динста месото во шерпа со дебело дно, бидејќи топлината од оганот рамномерно се распоредува и нема опасност од загорување на месото.


Класичното динстање прво подразбира пржење на месото, со цел да се запечатат соковите во него, и да не ‘излезат надвор’ во процесот на готвењето, оставајќи го месото премногу суво.
После кратко пржење на месото на висока температура, се додава малку вода, да не се претерува, за динстањето да не се претвори во варење.
Процесот на динстање на месото трае долго и се одвива на тивок оган. За време на готвењето се произведува водена пареа, која се лепи на капакот на садот. Таму таа се кондензира и се враќа во месото, правејќи го меко и миризливо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.