Рецепт за празнични колачиња од лешник и карамела

Потребни состојки:
100 грама брашно
130 грама шеќер
50 грама какао
110 грама путер
1 жолчка
2 лажици млеко
100 грама грубо сечкани печени лешници
1 белка
За фил:
100 грама лешник-карамела
1 лажица млеко
50 грама чоколадо


Начин на подготовка:
Ставете ги омекнатиот путер, шеќерот, жолчката, млекото, брашното и какаото во еден сад. Измешајте малку со миксер без да го вклучите за да не се разлета брашното, па дури потоа може да го вклучите. Завршете го мешањето со рака.

Оставете го тој сад половина час во фрижидер. Ако го оставите да стои подолго, тогаш покријте го со кеса. Обликувајте топчиња со големина по желба.

Ставете хартија во садот за печење. Изматете ја малку белката со вилушка, па ставете ја секоја топка во белката, па во лешниците и наредете ги во плехот за печење. Направете дупче на секое топче со прстот. Печете во загреана рерна 15 минути на 180 °С. Колачињата треба да бидат меки кога ќе ги извадите. Поправете ги дупките веднаш и оставете ги да се изладат.

Стопете ги карамелата и чоколадото. Додајте го млекото во карамелата и растопете ја во микробранова печка. Направете го истото и со чоколадото. Потоа оставете ги и тие да се изладат.
Ако ја оставите карамелата долго време, таа ќе се затегне. 

Потоа ставете ја повторно малку во микробранова печка за да се растопи. Ако немате микробранова печка, можете да го направите тоа на пареа. Наполнете ги колачињата со филот. Оставете го да се зацврсти, а потоа уживајте во совршениот вкус.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.