Рецепт за совршени чизкејк палачинки

Овој рецепт за чизкејк палачинки е идеален за освежување во летните горештини или кога ќе ви се пријаде нешто благо.
Може да ги послужите палачинките со сезонско овошје, како и да додадете рендано чоколадо или прелив по желба.
Потребни состојки за подготовка на чизкејк крем:
-250 г слатка павлака
-150 маскарпоне
-100 г крем сирење
-1 ванилин шеќер
-70 г шеќер
Овошен фил:
-200 малини или јагоди
-100 г шеќер
-2 лажици скроб
Палачинки
Подготовка:
Овошјето посипете го со шеќер и оставете да постои десетина минути, па загрејте го во сад. Скробот разматете го со малку вода па вмешајте со овошјето кога ќе зоврие. Варете кратко време колку да се згусне, па оставете да се олади.
Слатката павлака изматете ја во цврст шлаг. Со миксер изматете ги двата вида сирење со ванилин шеќерот, па додадете од шлагот.
Претходно подготвените палачинки премачкајте ги со овошниот фил, па додадете од кремот и завиткајте ги палачинките. По желба може да ги декорирате со овошје, да наросите рендано чоколадо или да ги прелиете со прелив по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.