Продолжува јавното препукување преку Фејсбук на Роберт Ордановски и Агнеса Органџиева:
Само ме занима кога ќе престанеш да се глупираш? Децата за 2 дена продолжуваат со училиште, ти акаш лево, десно, децата не се дома кај што им е компјутерот за онлајн настава, учебниците и приборот.
На оваа тема прочитајте уште и:
Aгнеса не е повеќе Орданоска, го смени презимето во Органџиева
Потоа Роберт објави уште еден статус, го пренесуваме во целост:
Целава оваа рашомонијада е поради фактот што не можам да се договорам фер и вонсудски да се спогодам.
Бракот е готов, тоа е и повеќе од јасно.
Предлогот кој го добив од другата страна е комплетно нефер, ќе ме лиши од се за што сум се борел во животот.
Нека седне со мене, со или без посредник, јас сум разумен човек, ќе се договориме.
Благодарам на сите за поддршката, негативните коментари ги игнорирам, среќен празник и се најдобро.