РОДЕНДЕНСКИ ОЛД ТАЈМЕРИ

Целта, според организаторите, е дружење и презентација на сопсвениците на олд тајмерите од целата држава. На денешниот собир, освен домашните, беа присутни и пет гостински авто клубови.

о

Советникот Дејан Лазаревски им подели благодарници на учесниците и на организаторите, како и на Амбасадорот на Холандија во Македонија, кој за прв пат беше дел од олд тајмер собирот.

-По четврти пат, во период од една година, се организира ваков настан на територија на Општина Карпош којшто го збогатува културно забавниот живот во Карпош. Овој настан е само дел од низата настани кои се одржуваат изминатите денови. Секој настан досега поминал со голема и одлична посетеност и интерес од граѓаните.

Тоа е причина пповеќе да ја продолжиме нашата соработка со организаторите. – рече Лазаревски.
Во знак на благодарност до Општина Карпош, Здружението на олд тајмери “Љубители на класик мини”, додели плакета и торта во знакот на роденденот на локалната самоуправа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.