Компании во сопственост на роднини на претседателот на Кипар Никос Анастасиадис изнеле десетици милиони евра од банката „Laiki“ на 12-ти и 13-ти март, неколку дена пред Еврогрупата да го донесе решението за надминвуање на кризата во најмалата членка на Европската унија, пишува во неделата интернет страницата на кипарскиот весник Haravgi, орган на опозициската комунистичка партија АКЕЛ.Според написот, кој го пренесоа многу грчки медиуми, една компанија три дена пред одлуката на Еврогрупата (министрите за финансии на земјите членки на еврозоната) побарала предвремена исплата од пет сметки во банката „Laiki“ во износ од 21 милиони евра, а парите се пренесен во Лондон. Според договорот меѓу Кипар и меѓународните доверители, банката „Laiki“ ќе биде реструктуирана и поделена на два дела („добра“ и „лоша“ банка), со отпис на депозитите кој може да достигне и до 80 отсто.Пратеникот на кипарската опозициска партија АКЕЛ, Ставрос Евагору, повика на формирање анкетна комисија којашто ќе ги испита овие информации, како и други трансакции и трансфери на пари во странство непосредно пред носењето на одлуката на Еврогрупата за оданочување на бнакарските депозити и заштеди во кипарските банки поголеми од 100 илјади евра. Евагору изјавил дека имајќи предвид дека од признавањето од страна на министерот за финансии станало јасно дека претстои „фризирање“ на влоговите, треба да се проучат податоците за пренесување на пари на членови на владата или на нивни роднини во странство.Пратеникот, исто така, вели дека декретот на кипарската централна банка за реструктуирање на најголемата банка „Bank of Cyprus“ е во контрадикција со првичната изјава на министерот за финансии за отпишување на околу 30 отсто од влоговите, бидејќи во декретот било наведено дека отпишувањето би можело да достигне и до 60 проценти. Покрај тоа, со одлуката на министерот за финансии и централната банка, пазарите остануваат без ликвидност и продолжува здушувањето на економијата, вели Евагору.„Ослободете се од оковите на тројката“, претходно повика парламентарниот спикер и лидер на социјалдемократската партија ЕДЕК, Јанакис Омиру. Според него, Никозија очекувала од партнерите во Европската унија разбирање и поддршка, но наместо тоа се соочила со „изнуда“. Тој вели дека по пристапувањето на Кипар во еврозоната во 2008 година, бил ревидиран финансиски систем на земјата од што не произлегло дека земјата претставува „даночен рај“ или дека нејзиниот банкарски систем служи за перење пари. Претседателот на кипарскиот парламент верува дека нападите врз земјата се поврзани со желбата да се контролираат природните ресурси на оваа медитеранска островска земја. Истовремено, Омиру истакнува дека Кипар бил и ќе остане во Европа, меѓутоа и дека се неопходни промени во односите на ЕУ.Од друга страна, поглаварот на влијателната Кипарска православна црква Хризостомос Втори, побара во неделата оставка од минситерот за финансии Михалис Сарис и гувернерот на централната банка Паникос Деметриаедес, затоа што според него тие се директно одговорни за пропаста на киперските банки,Тој им забележува на двајцата дека не сториле ништо да го спречат реструктуирањето на кипарскиот банкарски систем, што го побара Бирсел во рамките на планот за спасување на земјата од банкрот и можно излегување од еврозоната, што вклучува големи загуби за најголемите штедач меѓу кои е и кипарската црква чијшто имот се проценува на стотици милиони евра.Одговарајќи на новинарско прашање дали е задоволен од начинот на кој Денетриадес и Сарис ја решавале кризата, Хризостомос Втори одговори: „Да бев задоволен, пред некој ден немаше да ја побарам нивната оставка, бидејќи се на истите позиции како и ‘тројката’ (Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд –з.р.)“.„Не дадовме отпор (на барањата на тројката за реструктуирањето на банкарскиот сектор) и мислам дека тоа е неприфатливо“, додал поглаварот на кипарската црква.Хризостомос Втори нема толкаво политичко влијание какво што своевремено го имаше Макариос Трети, првиот претседател на островот по неговото осамостојување, но неговите ставови имаат силно влијание меѓу верниците.Покрај тоа кипарскиот архиепископ оцени дека Кипраните делумно и самите се одговорни за кризата. „Несреќата која падна на нашата земја изгледа како економски проблем, но тој не е единствениот, на другата страна е гревот. Сите живеевме неразумно, сакавме големи работи бидејќи мислевме дека ќе бидеме среќни ако имаме пари, работ аи титули. Да трошевме во границите на нашите можности, сега немаше да го доживееме“, вели кипарскиот архиепископ Хризостомос Втори.За да го добие заемот од 10 милијарди евра за да го избегне банкротот, Кипар според договорот со своите странски заемодавци треба да собере уште 5,8 милијарди евра. Откако парламентот го отфрли првичниот предлог со кој еднократно требаше да бидат оданочени банкарските депозити и штедни влогови со 6,75 отсто на износите до 100 илјади евра и со 9,9 проценти на и поголемите од оваа сума влогови, Никозија се обврза да го реструктуира банкарскиот сектор, а блокирани се сметките со повеќе од 100 илјади евра во двете најголеми банки „Bank of Cyprus“ и „Laiki“.
МакфаксКомпании во сопственост на роднини на претседателот на Кипар Никос Анастасиадис изнеле десетици милиони евра од банкат