Ролнички со сирење како од пекара (со готови кори)

Состојки
1 пакување кори за пита (10-12 кори)
фил по избор (400 г сирење+1 јајце)
сусам за одозгора
Смеса за премачкување
2 јајца
1 лажиче сол
1 лажиче прашок за пециво
150 мл масло
100 г брашно
250 мл јогурт

Прекрасни ролнички кои не се само вкусни, туку и изгледаат одлично и се прават лесно. Крајниот резултат ќе ве воодушеви, не се чувствува како да се направени со готови кори, туку изгледаат како купени од пекарница. Ги имам правено во разни комбинации, со спанаќ и сирење, со мелено месо, со шунка и кашкавал – секако се предобри.
Подготовка
Имаше 10 кори во моето пакување, па направив 10 ролни.
Подгответе ја смесата за премачкување на корите со мешање на јајцата, јогуртот, маслото, солта, прашокот за пециво и брашното со вилушка.


Отворете ја секоја кора, нанесете 2 лажици од смесата за премачкување, распоредете ја убаво низ цела површина со четче и преклопете ја кората еднаш. Нанесете уште една лажица од смесата врз преклопената кора, а потоа ставете фил на едниот крај на кората. Затворете ги краевите на кората и завиткајте ролна. Постапката ја имате во дополнителни фотографии.
Така подготвените ролни редете ги во плех обложен со хартија за печење.
Откако ќе ги направите сите ролни, засечете ги 3-4 пати на врвот со остар нож и нанесете по малку од преостанатата смеса за премачкување. Посипете сусам одозгора и печете ги на 180-200 Ц степени околу половина час или додека не поруменат убаво.
Комбинирајте со јогурт или кисело млеко.
На здравје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.