Ролнички со спанаќ и урда

1/2 кг. кори за пита
200мл. млеко
100 мл. масло
4 јајца
100 мл газирана вода
5 лажици брашно
1/2 лажичка сол
1 прашок за печиво
300 г исчистен обарен спанаќ
300 г урда
50 г сусам
сол
Изматете 2 јајца со миксер. Додадете ги млекото, маслото, брашното, газираната вода, солта и прашокот за печиво, и изматете ја смесата со миксерот.
Од урдата, спанаќот, 1 јајце и сол, во зависност од тоа колку е солена урдата, измешајте фил.
Првата кора премачкајте ја со подготвената смеса и свиткајте ја на половина. Нанесете една лажица фил, свиткајте ролна и ставете ја тава за печење прекриена со хартија. На истиот начин подгответе ги сите ролни и наредете ги во тавата.
Премачкајте ги со преостанатата жолчка изматена со малку сол и една лажица вода. Наросете сусам и печете 20 минути на 200 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.