Русија го ограничува извозот на гас од клучно значење за производството на чипови

Мерката доаѓа како одговор на санкциите на ЕУ насочени кон извозот на технологија во земјата.

Благородните или инертни гасови, како што се неон, аргон, ксенон и други, се клучни за процесот на производство на полупроводници. Полупроводниците се користат за производство на микрочипови потребни за гаџети, автомобили и апарати за домаќинство.
Русија го ограничува извозот на гас од клучно значење за производството на чипови

Русија го ограничи извозот на благородни гасови, вклучително и неон, како одговор на петтата рунда санкции наметнати од ЕУ во април.

Во владината уредба, објавена во вторник, се наведува дека до 31 декември годинава извозот на благородни и други ќе биде предмет на одобрение од Владата, по препорака на Министерството за индустрија и трговија.

Благородните или инертни гасови, како што се неон, аргон, ксенон и други, се клучни за процесот на производство на полупроводници. Полупроводниците се користат за производство на микрочипови потребни за гаџети, автомобили и апарати за домаќинство.

Во април, ЕУ забрани извоз на полупроводници, машини и друга опрема во вредност од 10 милијарди евра во Русија, како дел од петтиот пакет санкции. Според весникот „Известија“, повикувајќи се на свои извори во владата, Москва сака да ги потсети таканаречените „непријателски“ земји дека и тие зависат од рускиот извоз кога станува збор за производството на полупроводници. Русија испорачува до 30 отсто од неонот што се троши на глобално ниво, наведува „Известија“.

Има глобален недостиг на полупроводници од почетокот на пандемијата на коронавирус, што се должи на проблеми со синџирот на снабдување и привремено запирање на производството. Конфликтот во Украина дополнително го влоши проблемот. Украина, главен извозник на неонски производи, престана да го снабдува гасот на глобалниот пазар, поради што цените вртоглаво растат. Кина и Јапонија се други големи производители на благородни гасови, но нивните залихи главно се трошат дома.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.