САД се согласија да и обезбедат на Украина ракети со поголем дострел

Американскиот претседател Џо Бајден се согласи да и обезбеди на Украина напредни ракетни системи кои можат прецизно да напаѓаат руски цели со долг дострел, како дел од пакетот оружје вреден 700 милиони долари, кој се очекува да биде претставен во среда. Соединетите Држави и обезбедуваат на Украина артилериски ракетни системи со висока мобилност што можат прецизно да погодат цели оддалечени 80 километри (50 милји), откако Украина даде „гаранции“ дека нема да ги користи ракетите за да напаѓа внатре во Русија, изјавија високи претставници на администрацијата.

САД мора да обезбедат значително оружје и муниција за да и дадат на Украина највисока моќ на преговарачката маса

Џо Бајден

Во авторски текст на Њујорк Тајмс објавен во вторникот, Бајден рече дека руската инвазија на Украина ќе заврши преку дипломатија, но САД мора да обезбедат значително оружје и муниција за да и дадат на Украина највисока моќ на преговарачката маса.

„Затоа решив дека на Украинците ќе им обезбедиме понапредни ракетни системи и муниција што ќе им овозможат попрецизно да напаѓаат клучни цели на бојното поле во Украина“, напиша Бајден.

Пакетот, исто така вклучува, муниција, радари, голем број радари за воздушно набљудување, дополнителни противтенковски ракети Javelin, како и противоклопно оружје, изјавија официјални лица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.