Салата во која се колнат Грците, а изгледа незамисливо: Лубеница пржена на маслиново масло со фета сирење

Оваа салата можеби делува премногу егзотично, но Грците ја обожуваат и речиси секојдневно ја консумираат.
Затоа, препуштете се на експериментирањето на кујната и испробајте ја и вие.
Потребни состојки:
-лубеница од 2 килограми
-200 грама фета


-50 грама балсамико сос
-100 милилитри маслиново масло
-морска сол
-бибер
Начин на подготовка:
1.Исчистете ја лубеницата и извадете ги семките. Исецкајте ја на мали коцкички.
2.Пропржете ги парчињата лубеница на маслиново масло (две минути од секоја страна).
3.Ставете ги парчињата во чинија, зачинете, додадете ги парчињата фета и прелијте со балсамико сос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.