Салата од печен, див лосос и орзо тестенини

Состојки
300гр печен див лосос, или може да се користи чаден лосос
100гр орзо тестенина
1 мала китка брокула
1/2 свежа краставица
1 црвен домат
сок од половина лимон
малку бибер( и сол)

Печевме голем, див лосос на скара и ми останаа две парчиња.
Ми беше жал да го фрлам, бидејќи беше прекрасен.
Па двете кременадли кои останаа убаво ги исчистив и месото го иситнив.
Орзо тестенината ја сварив во вода со малку сол, а пред крај го додадов и цветот на брокула да вари 2 минути.
Процедив.
Во сад ги соединив сварената и изладена орзо тестенина, месото од див лосос, ситно сецканата краставица, сецкан црвен домат, исчистен од семките, сецканата брокула.
Бидејќи лососот беше мариниран и зачинет пред печењето, додадов само сок од лимон и малку бибер.
Убаво соединив се, оставив во фрижидер на 30 минути, па послужив.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.