Салата од свеж спанаќ, брокула и ротквици

Состојки
1 гоолем грст исчистен, беби спанаќ
1 мала китка брокула
3 ротквици
100гр фета сирење
дресинг
2 лажици маслиново масло
1 лажица сок од лимон или јаболков оцет
1/4 лажиче сенф
сол и бибер по вкус

Прво брокулата ја бланшираме многу кратко во зовриена вода.
Во еден сад ги соединуваме кругчињата ротквица, сецканата брокула, сецканиот млад спанаќ
Соединуваме.
Во мал сад ги соединуваме состојките за дресинг, па ги прелеваме претходните подготвени состојки.
Сервираме во тајнир.
Најгоре ставме коцки фета сирење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.