Салата со брокула и карфиол

300 г брокула
300 г карфиол
2-3 чешниња лук
250 г сирење исечкано на коцки
1 лажица сечкан магдонос
маслиново масло, сол и мелен црн пипер
Карфиолот и брокулата оделно обарете ги на пареа и ставете ги во сад. Додадете ги исечканиот лук и магдонос. Посолете, наросете црн пипер и додадете го сирењето. Прелијте со малку маслиново масло и промешајте ја салата.
Ако сакате да биде побогата на салатата додадете и 150- 200 г ленти печено пилешко месо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.