Салата со грилувано халуми-сирење и јагоди

Ако сакате да експериментирате во кујната, пронајдете инспирација во денешниот рецепт.
Состојки:
Микс на зелена салата по избор, три парчиња халуми-сирење, 50 г јагоди, семки од тиква, лен и сончоглед, две лажици маслиново масло, лажиче бел вински оцет, лажиче мед

Приготвување: Направете сос од маслиновото масло, медот и оцетот и со него прелијте ја зелената салата. Врз салатата сервирајте го грилуваното халуми-сирење и додајте сечкани јагоди и друго сезонско овошје по желба – малини, боровинки (кои се согласуваат одлично со сирењето).
Со салатата можете да послужите и двопек потпечен на путер со додавање песто-сос.
На крај, посипете ја салатата со семки од тиква, лен и сончоглед.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.