Салата со цвекло, коморач, цитрус и рикота

Состојки
5 помали глави цвекло
1 глава коморач
1 портокал
80 гр. рикота
1 лажица маслиново масло
на вкус сол и бибер
За сосот
сокот од по 1/2 портокал и лимон
1 лажица балсамичен крем
1/2 лажица маслиново масло
на вкус сол и бибер

– Сварете или испечете го цвеклото. Кога е готово исечете го во форма и големина која ке ја сакате вие. Јас сечев на коцки.
– Коморачот со нож или ренде исечете го на тенки ленти.
– Исечете го портокалот на филети
– Во сад измешајте ги коморачот и филетите од портокалот
– Измешајте ги рикотата со маслото, солта и биберот.
– Во друг сад измешајте ги сокот од портокалот, лимонот и балсамичникот крем, маслиновот масло, солта и биберот.
– На садот на кој ке ја поставите салатата ставете прво од измешаните коморач и портокал, врз нив ставете од исеченото цвекло, залијте со веке спреманиот сос. Сп лажица одозгора ставете од рикотата. Оставете во фрижидер да одстои некое време како би се споиле вкусовите.
Напомена
– Овде солидно се сложува босилекот – доколку го обожавате без размислување додадете го кај коморачот и портокалот – измешајте.
– Можете да ги измешате сите состојки со сосот пред да ја ставите рикотата – но јас тоа го избегнувам поради обојувањето на коморачот од кремот и самото цвекло. Како и да ја спремате – секако е вкусна, а ценам и здрава салата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.