Свински шницли со зеленчук и моцарела

Целото семејство во кујна! За подготвувањето на овој неделен ручек може да помогнат сите: некој нека лупи зеленчук, друг нека посолува, трет нека реди слоеви…
Состојки:
– 800 гр тенко насечени свински шницли без коска
– 1 лажичка сув зачин од билки
– 400 гр тиквички
– 600 гр модар патлиџан
– 750 гр моцарела
– 1 лажичка свинска маст
– оригано
– бибер
– 2 лажички рендан пармезан


Подготовка:
Посипете сув зачин од билки на тенко исечените шницли и втријте го со прстите. Кратко пропржете ги од двете страни на средно тивок оган, додека не добијат златно-кафеава нијанса.
Излупете ги модриот патлиџан и тиквичката, па исечете ги на резанки. Потоа исто исечете ја и моцарелата.
Во длабок сад за печење ставете ја свинската маст, па редете: ред свинско, ред зеленчук, ред моцарела.
Зачинувајте низ слоевите со оригано и бибер, и редете најмалку три слоја. Завршете со моцарела.
Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и ставете ја во рерна загреана на 200 степени Целзиусови, а потоа печете 30-50 минути, во зависност од нагодувањата на вашата рерна.
Пријатен неделен ручек!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.