СДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак

  Делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно организацискиот секретар Зоран Трифуновски и претседателот на ОО СДСМ Тетово, Жика Алексоски  денеска положи цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак, и оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак, стои во партиското соопштение што МИА го пренесува интегрално.
Вечна им слава на Горан Миновски, Сашо Китаноски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и на Дарко Велјаноски, армиските резревисти кои на 8 август 2001 година беа убиени кај месноста Карпалак.
Центар за комуникации

The post СДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: