Секој трет граѓанин во Македонија дал мито за да заврши работа

Македонија дал некаков вид поткуп за да заврши работа. Ова го покажуваат податоците од најновиот извештај за проценка на корупцијата од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка, од кој мал дел денес го презентираше директорот, Александар Кржаловски, на настанот посветен на Меѓународниот ден против корупцијата – 9 декември, и најави дека истражувањето во целост ќе биде објавено во наредните денови.

Во својот говор пред присутните на настанот, Кржаловски нагласи дека она што го измериле во најновиот извештај е дека за разлика од претходните години кога корупцијата се перцепираше како голем проблем во општеството, сега таа е на второ место.

„Корупцијата е сериозен проблем, кој е широко распространет и за жал доста прифатен. Забележано е влошување на притисокот од корупција во споредба со претходниот извештај, кога беше забележано намалување. Според податоците во најновиот извештај, на 37 проценти од граѓаните им е побарано мито, а 31 процент од нив дале некаков вид мито за да се заврши работа. Корупцијата е сериозен проблем, кој е широко распространет и за жал доста прифатен“, рече Кржаловски.

Судиите и јавните обвинители како поединци се на дното од листата на доверба, а на крајот е судското обвинителство, како институција, додека тука довербата во пратениците и политичарите не е многу висока, но довербата во Парламентот како институција е на високо ниво.

Во врска со довербата во институциите што се борат против корупцијата, Кржаловски рече дека ДКСК останала на исто ниво од 32 проценти, додека довербата во Министерството за внатрешни работи се зголемила на 50 проценти.
The post Секој трет граѓанин во Македонија дал мито за да заврши работа appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: