Четботите се создадени за да одговорат на секое ваше прашање – сепак, многумина ги користат за сексуално експлицитна содржина.
Истражувачи од неколку американски универзитети, од Беркли до Стенфорд, во соработка со колеги од ОАЕ, ги проучувале начините на кои луѓето комуницираат со големи јазични модели (LLM) во реални сценарија.
- Опериран е Илија Срдановиќ – се огласи од болничкиот кревет
- Нова студија тврди: Заменувањето на солта може да спречи милиони смртни случаи од срцеви заболувања
- „ДПМНЕ и Орце го вратија на сцена нивниот бивши портпарол Димче Арсовски и тоа како директор на МКЦ“, велат од Левица
- Турското оружје го освојува светот: Минатата година имаа извоз од 10 милијарди долари, а оваа година одат кон нов рекорд
- Славески за клиентите на Алта банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идните приливи
- Колку се опасни енергетските пијалоци за срцето? Ново истражување дава податоци
- Зошто е препорачливо да пиете чај од ѓумбир кога имате проблеми со желудникот?
- Осум полицајци уапсени во врска со смртта на Далибор Драгиевиќ, братот обвинет за убиството на двегодишната Данка Илиќ
Во нивниот труд, тие го претставија LMSYS-Chat-1M, голема база на податоци што содржи милион разговори на 210.000 корисници со чет-ботови на 150 светски јазици.
Дискусиите за софтверските грешки се главна тема за комуникација со чет-ботови, но забележани се и значителен број други теми кои спаѓаат во категоријата „барања за експлицитно и еротско раскажување приказни“ и „експлицитни сексуални фантазии и сценарија за играње улоги“.
Овој вид на содржина е тема на секое десетто прашање што луѓето го поставуваат на чет-ботови, а местата од првото до десеттото се полни со прашања за алатките за интерфејс, дизајн на софтвер, програмирање, барања за компресија на текст итн.
Истражувачите ја разгледуваат можноста за квартални ажурирања и ги охрабруваат другите колеги да ги истражуваат презентираните теми, со цел да обучат подобри модели користејќи вештачка интелигенција.
Пронајдете не на следниве мрежи:



