Слабите прогнози за раст ги притиснаа цените на нафтата

Цената на барел сурова нафта падна во понеделникот на берзата во Лондон поради неизвесните изгледи за раст во двата најголеми светски потрошувачи на нафта, САД и Кина.

На лондонската берза цената на барел сурова нафта падна за 16 центи на 103 долари, откако минатата недела оствари најголема еднонеделна добивка од ноември минатата година.Минатата недела цената на нафтата закрепна од најниското ниво забележано за девет месеци врз основа на очекувањата дека посилната глобална економска активност ќе поттикне потрошувачка на горива. Меѓутоа, американското министерство за трговија извести во петокот дека најголемата светска економија во првиот квартал пораснала по стапка од 25 отсто на годишно ниво, што е под берзанските очекувања од три отсто.„Разочарувачките податоци за БДП од САД ја зголемија загриженоста поврзана со нивото на побарувачка за нафта и доведоа до некои добитоносни продажби по неодамнешниот голем раст на цените“, рече Карстен Фрич, виш нафтен аналитичар во банката Comemerzbank од Франкфурт. „Цените на производите паднаа и се додека економските изгледи се нејасни, цената на нафтата тешко ќе расте“, смета Фрич.Трговците оваа недела ќе се фокусираат на податоци за производството во април во Кина, втор по големина светски потрошувач на нафта, за кои се очекува да бидат подобри од оние во март. Индексот на менаџери на набавка на HSBC покажа минатата недела дека активноста во кинескиот индустриски сектор се намали во април, како и дека паднале новите извозни нарачки.Освен тоа, се очекува на состанокот на Fed оваа недела да биде задржана програмата за откуп на 85 милијарди долари, месечно, како и Европската централна банка да ги намали каматните стапки на состанокот во четврток.
Макфакс
Цената на барел сурова нафта падна во понеделникот на берзата во Лондон поради неизвесните изг

Пронајдете не на следниве мрежи: