Сладолед со 4 различни вкусови, а само 1 состојка!

Сонувате за кремаст сладолед, лесен за подготовка, со едноставни состојки, а воедно и ЗДРАВ?
Уште да доаѓа во различни вкусови, во кои ќе ужива целото семејство ….
Пробајте го овој рецепт, со кој нема да внесува енормна количина на шеќери, а ќе ја задоволите вашата потреба за слатко!
Потребни состојки:
Основни:
3 банани
1/2 шолја млеко
За различни вкусови:
јагоди
ванила екстракт
темно чоколадо
путер од кикирики
какао во прав
Начин на подготовка:

Исечкајте ги бананите на парчиња и ставете ги во замрзнувач. Замрзнатите банани ставете ги во блендер, додајте млеко, а потоа комбинирајте различни додатоци, за да направите различни вкусови.
Истурете во сад и повторно замрзнете.
Сервирајте и уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.