Собранието ја потврди оставката на главниот обвинител Љупчо Коцевски

Собранието ја потврди оставката на државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски. Коцевски претходно на прес-конференција изјави дека поднесува неотповиклива оставка.

„Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе барање за разрешување од функцијата јавен обвинител. Собранието утврди дека Коцевски е разрешен од функцијата јавен обвинител. Собранието нема да го разгледува предлогот за разрешување на јавниот обвинител, кој беше на дневен ред на собраниската седница бидејќи стана неважен“, рече Гаши.

Коцевски рече дека во овие речиси две години ја извршувал својата функција чесно и достоинствено и си заминува со крената глава, но дека е разочаран бидејќи нема правни аргументи за негово разрешување од функцијата.

Тој го оцени предлогот за негово разрешување, кој требаше да се разгледа на денешната собраниска седница, како политичка одлука.
The post Собранието ја потврди оставката на главниот обвинител Љупчо Коцевски appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: