Советниците од Санкт Петербург што го обвинија Путин за предавство, сега по ЗАКОН останаа без советничките места

Пред неколку дена во родниот град на Владимир Путин, Санкт Петербург, се случи до неодамна незамислива ситуација: неколку советници го обвинија претседателот за велепредавство, побараа негово разрешување и испратија петиција до руската Дума.

Им најдоа цака веднаш:

Како што пишува независниот руски портал Медуза, обвинителството поднело тужба со која бара распуштање на советниците во 2021 година, под изговор дека општинскиот совет не заседавал повеќе од три месеци. Цела таа година процедурата практично не беше ни започната, но штом советниците побараа од Думата да го отповика претседателот, случајот повторно излезе на виделина.
Советниците од Санкт Петербург што го обвинија Путин за предавство, сега по ЗАКОН останаа без пратенички места

Половина од 20-те членови на општинскиот совет на Смолнинскоје, вклучително и претседателот на владејачката партија на Путин, Единствена Русија, не беа присутни на гласањето за петицијата, но присутните опозиционери имаа кворум и сè беше направено легитимно во согласност со руските закони.

Шефот на државата беше повикан за уништување на борбено способни единици на руската армија, смрт и повреди на млади и работоспособни граѓани на Русија, оштетување на руската економија, па дури и за проширување на НАТО поради војна во Украина.

Путин е обвинет и за вооружувањето на соседната земја со модерно западно оружје, што е во спротивност со неговата ветена „демилитаризација“ на Украина. Петицијата, која беше објавена на 12 септември, ја потпишаа 60 општински службеници од различни градови во Русија.

Информациите за барањето за смена на Путин ја пренесоа светските медиуми со коментари дека самото појавување на ваква иницијатива е доказ за падот на моќта и популарноста на Путин.

И тогаш „империјата возврати“, исто така следејќи ја законската процедура и го извади од фиока стариот случај.

Имено, Окружниот суд во Санкт Петербург вчера му даде можност на гувернерот на Санкт Петербург да ги разреши непослушните општински политичари.

Како што пишува независниот руски портал Медуза, обвинителството поднело тужба со која бара распуштање на советниците во 2021 година, под изговор дека општинскиот совет не заседавал повеќе од три месеци. Цела таа година процедурата практично не беше ни започната, но штом советниците побараа од Думата да го отповика претседателот, случајот повторно излезе на виделина.

Сега, кога судот заклучи дека Советот на општината не бил активен три месеци, гувернерот ќе ги распушти.

Еден од иницијаторите за разрешување на Путин, советникот Никита Јуферев изјави дека ќе се бори против оваа одлука.

Судот го казни со 47.000 рубљи и за „дискредитација“ на армијата, советникот Дмитриј Паљуга, кој беше иницијатор на петицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.