Совршени идеи за лесен појадок: Овие 3 рецепти за салати се вистинско откритие

Разбудете се со зеленчук, голема доза протеини и шарени чинии за стопроцентно одличен почеток на денот. Би сакале да јадете салати за појадок? Тие се вистинско откритие за поубаво утро. Во продолжение ќе ви претставиме рецепти за 3 видови салати кои можете да ги подготвите кога вам ви одговара најмногу.
1. Медитеранска салата за појадок

 

View this post on Instagram

 

rise + shine! ☀️ breakfast salad ingredients ???

A post shared by Camille Styles (@camillestyles) on


Потребни состојки:
2-4 јајца
200 грама рукола
300 грама свежи шери домати (преполовени)
1/2 свежа краставица (исечкана)
180 грама сварена киноа
1 авокадо
110 грама бадеми или други јаткасти плодови (исечкани)
1/2 лажица зачини по избор (копар, нане, босилек, оригано)
1 лимон
Маслиново масло
Сол, бибер
Начин на подготовка:
Прво сварете ги јајцата. За да бидат меко варени прво загрејте ја водата до вриење, а потоа намалете го огнот и ставете ги јајцата да се варат 5-6 минути. Тргнете ги од огнот и прелијте ги со ладна вода за да го спречите понатамошното варење. Потоа излупете ги. Во голем сад измешајте ги руколата, шери доматите, краставицата и киноата. Прелијте со малку маслиново масло, зачинете и повторно измешајте. Салатата можете да ја распоредите во 4 чинии (или 2 поголеми). Додајте ги претходно исеченото авокадо, јајцата исечкани на половина од зачините по избор. На крајот додајте уште и сол и бибер по вкус, како и исцеден лимонов сок и уште малку маслиново масло.⁠
2. Слатко-солена салата


Потребни состојки:
2 мали слатки компири (или 1 поголем) исечкани на мали парчиња
300 грама салата по избор
1 лажица кокосово масло (или друго по избор)
3 лажици лимонов сок
1 лажица маслиново масло
100 грама боровинки
1 средно авокадо
4 лажици хумус
Сол, бибер, исечкан магдонос
Начин на подготовка:
Загрејте поголема тава на оган со средна температура. Кога ќе се загрее додајте ги маслото, компирот, солта и биберот и измешајте. Распоредете ги во еден слој за да се зготват рамномерно и ставете го капакот за да не испарува. Варете 3-4 минути. После тоа свртете го компирот за да бидете сигурни дека ќе се зготви рамномерно. Ако пребрзо потемни, намалете ја температурата. Продолжете да готвите додека компирот не добие златно-костенлива боја од двете страни – отприлика 10-15 минути. Во меѓувреме подгответе го преливот од лимонов сок, маслиново масло, сол и бибер. Сè тоа треба да се соедини со лажица или ако сте го ставиле во стаклена тегла – убаво да се промеша. Послужете така што ќе ја распределите салатата во чинии и на врвот ќе ги додадете печениот сладок компир, боровинките, авокадото, хумусот и магдоносот. Се послужува со преливот од страна. Остатоците може да се чуваат 2-3 дена (одвоени од преливот) иако најдобро е да бидат свежи.
3. Салата со кајгана и боровинки


Потребни состојки:
Маслиново или кокосово масло
2 јајца + 4 белки
25 грама боровинки
1/4 лажица цимет
1/4 лажица сол
1 лажица босилек
1 лажица исечкани ф’стаци
Чили или лут сос по желба
Рукола
Начин на подготовка:
На загреана тава ставете малку масло по избор. Јајцата изматете ги во сад и додајте ги во тавата, па пропржете. Додека јајцата уште се меки додајте ги боровинките за да се загреат и да почнат да се распаѓаат. Додајте малку сол и цимет. Откако јајцата ќе се спржат додајте ги и исечените ф’стаци во тавата. На крајот додајте ги босилекот, биберот, чилито или лутиот сос.
Научете го и овој освежителен рецепт за здрав сладолед од јагоди.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.