Совршен, летен ручек – хот дог со германски колбаси во пиво и неодолив сос од Дижон сенф

Дефинитивно сакаме да поминуваме што е можно помалку време во кујната, поради неподносливите високи температури.
Имаме совршен рецепт за вас кој ќе го обожаваат сите, а потребен е минимален труд и време за реализација.
Наместо стандардните виршли ви нудиме неодоливо вкусен рецепт со германски „братвурст“ колбаси во пиво и уште посладок сос чија основа е незаменливиот сенф Дижон.
Потреби состојки:
За Дижон сосот
1/3 шолја мајонез
4 лажички Дижон сенф
1 лажица сенф во зрна (по желба)
1 лажица течност од кисели краставички
3 лажици бел вински оцет
1 лажица шеќер
½ лажичка сол
½ лажичка црн бибер
4 шолји ситно исечкана црвена зелка
2 шолји ситно исечкана бела зелка
За колбасите со пиво
8 големи германски „братвурст“ колбаси
700 ml пиво
1 лажица путер
8 долгнавести лепчиња за хот дог
Зелени лути пиперчиња (по желба)


Начин на подготовка:
Прво направете го сосот. Во подлабок сад измешајте ги добро мајонезот, сенфот, течноста од киселите краставички, белиот вински оцет, солта и шеќерот, како и црниот бибер. Додадете ги двата вида исечкана зелка и добро промешајте. Оставете го сосот настрана.
Во подлабока тава прво истурете го пивото додека не започне полека да врие. Додадете ги колбасите и оставете да се готват 8-10 минути на ниска температура.
Потоа извадете ги, истурете го пивото и вратете ги колбасите да се зготват до крај со 1 лажица путер на средна температура.
Во секое лепче ставете по еден колбас и нанесете поголема количина од сосот.
Лутите пиперчиња се опционални, а како прилог може да додадете маслинки, кисели краставички, помфрит и секако – ладно пиво.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.