Совршен протеински појадок: Сладок тост со рикота сирење и банана за идеален почеток на денот

Ова е еден од оние оброци што можете да ги направите кога сакате сладок појадок, без да имате грижа на совеста затоа што е повеќе од здрав.
Совршен протеински појадок: Слатка тост со рикота сирење и банана за идеален почеток на денот
Потребни состојки:
4 парчиња интегрален леб
4 лажици рикота сирење
1 лажица екстракт од ванила
1 лажица мед
1 банана
грст сечкани јаткасти плодови по желба
1 лажица цимет во прав


Начин на подготовка:
Измешајте ги рикота сирењето и ванилата додека состојките не се соединат и не се формира мек крем. Додајте го медот и кратко измешајте.
Во меѓувреме, тостирајте го лебот, премачкајте го со кремот, одозгора ставете парчина сечкана банана на кругови и посипете со јаткасти плодови и цимет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.