Солена торта од компири – однадвор крцкава, а внатре сочна

Ова јадење е одличен избор за појадок и вечера, може да се послужи и како прилог, но и како главно јадење.
Компирот е една од омилените и најчесто употребувани намирници на нашето поднебје. Се користи и за слатки, но и за солени деликатеси.
Еден од начините за неговото консумирање е и солената торта чија подготовка е многу брза, а резултатите фантастични.
Одличен избор за појадок и вечера, може да се послужи и како прилог, но и како главно јадење.
Состојки:
– 600 грама компири;
– 1 млад кромид или праз;
– 40 милилитри масло за јадење;
– 2 јајца;
– сол и бибер.


Подготовка:
Излупете ги компирите и изрендајте ги, па зачинете ги. Кромидот или пак празот исечкајте го на тенки крукчиња и соединете го со јајцата и зачините.
Во подлабока тава ставете масло за јадење, па оставете ја на рингла да се загрее маслото. Во загреаната тава додадете половина од смесата со компирите, над нив додадете ја смесата од кромидот и јајцата, па ставете го останатиот дел од компирите.
На тавата ставете капак и така оставете тортата да се пржи на умерена температура. По 10-на минути тортата превртете ја од другата страна и печете уште 10 минути. Тортата треба да добие златна боја, однадвор да биде крцкава, а внатре сочна.
Послужете додека е топла, со додаток по желба. Одлично може да се комбинира со млечни, но и сувомеснати производи.
Пријатно јадење!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.