Солена торта со варени јајца и шунка: Направете предјадење кое ќе го обожава цело семејство!

Колку и рационално да купуваме за велигденските празници, храната некако останува, а варените јајца се она што обично нѝ преостанува од празничната трпеза.
Искористете ги и едноставно направете солена торта која целото семејство ќе ја обожава.
Состојки:
– 2 тост лепчиња
– 5 кисели павлаки
– 500гр. мајонез
– 100гр. кечап
– 500гр. шунка
– 300 гр. кашкавал за рендање
– 15 кисели краставички
– 10 варени јајца
Подготовка:
Измешајте ги павлаката и мајонезот и со тоа филувајте ја ‘кората’ која ја сочинуваат тост лепчињата наредени во голем плиток сад. Потоа изрендајте ги јајцата и краставичките пресечени на кругови. Вториот ред од тостот премачкајте го од двете страни со мешавината од мајонез и павлака, па наредете краставички, шунка и истурете го кечапот одозгора.
Постапката повторувајте ја додека имате материјал. На последниот ред од тост лепчињата премачкајте со мешавината од павлака и мајонез и украсете со кашкавал.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.