Сомнителна фирма со руски капитал се обидела да влезе на тендер за набавка на специфична опрема во Министерството за одбрана, посочија од Министерството на денешниот брифинг со новинарите каде присутна беше министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Беше посочено дека фирмата е регистрирана во земја членка на ЕУ за да се прикаже како релевантна на пазарот, меѓутоа во постапката уште пред да биде направена безбедносната проверка, македонските разузнавачки служби алармирале дека станува збор за сомнителна руска фирма.
- Барселона му покажа на Реал кој е шеф во Шпанија ВИДЕОФудбалерите на Барселона го победија Реал Мадрид со резултат од 2:0… Read more: Барселона му покажа на Реал кој е шеф во Шпанија ВИДЕО
- ВРЕДИ: Нашето обединување ја испраќа старата политика во историјата и отвора нова епоха на реална еднаквост за АлбанцитеВРЕДИ изразува разбирање за паниката во ДУИ, која произлегува од новата… Read more: ВРЕДИ: Нашето обединување ја испраќа старата политика во историјата и отвора нова епоха на реална еднаквост за Албанците
- Кристијан Шмит, високиот претставник на Меѓународната заедница во БиХ, поднесува оставкаВисокиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит,… Read more: Кристијан Шмит, високиот претставник на Меѓународната заедница во БиХ, поднесува оставка
- ТЕЛМА- Газда чиј камион нелегално фрлаше шут во Лисиче, го прегази на пешачки Јорго Куќа и е осуден во „Синџир“Харис Качапор, газдата на фирмата „ХСА-Констракшн“ чиј камион беше фатен при… Read more: ТЕЛМА- Газда чиј камион нелегално фрлаше шут во Лисиче, го прегази на пешачки Јорго Куќа и е осуден во „Синџир“
- Spotify воведува зелена ознака за вистински артисти во ерата на АИ музикатаSpotify воведува нова ознака „Verified by Spotify“ со зелена потврда, со… Read more: Spotify воведува зелена ознака за вистински артисти во ерата на АИ музиката
– Тоа беше индикативно, затоа што првата фаза која помина, понудата на оваа фирма беше од прилика скоро иста со останатите две фирми, значи не се разликуваше многу, може за некои стотина илјади евра, меѓутоа во втората фаза спуштија неверојатно ниско, скоро 50 отсто поевтина сума и тоа ни го потрврди сомнежот дека по секоја цена сакаат да го земат, посочи Петровска.
Според Кривичниот законик, Петровска вели нема основ за кривично дело, но заштитата на безбедноста на државата треба да се крене на повисоко ниво.
– Правиме некои анализи веројатно ќе треба Законот за јавни набавки да се промени, затоа што во општиот закон, освен за законот од областа на одбраната и безбедноста, се вели дека најниската цена добива. Ние не можеме да си го дозволиме тоа, дури кога набавуваме и храна за Армијата не можеме да си дозволиме најниска цена, затоа што треба да внимаваме на квалитетот, бидејќи ние набавуваме буквално сѐ, вели Петровска.
Пронајдете не на следниве мрежи:



