Со пцуење, викање и пиење пиво до рамнотежа

Јогата е вежба за медитација и опуштање, која ве подготвува за остатокот од денот, но сега истиот тој резултат може да се постигне со целосно спротивни работи.
Rage Yoga – јога на бесот, има идеја да се постигне рамнотежа преку пиење пиво, пцуење и викање.
Линдзи Истас, основачот на Rage Yoga, на својот сајт објаснува дека нејзиниот метод претставува пракса која вклучува истегнување, позициони вежби и лош хумор, со цел да се постигне добро здравје . „Rage Yoga е стил на живот“ – вели инструкторката.
Линдзи објаснува дека на редовните часови по јога се чувствувала како да не припаѓа таму.
„Се чувствував како да седам во библиотека полна со гимнастичари“ – се обидела да објасни. Тогаш одлучила да основа нов правец. Вели дека тој премногу и помогнал.


„Низ праксата воспоставив силнат врска помеѓу телото и мозокот и почнав дополнително да го ценам своето тело. Научив како да го успорам мозокот, како да се чувствувам добро во својата кожа. Тоа ми помогна да се излечам од зависноста и да решам многу други лични проблеми“ – рекла таа.
Ешли Дузиќ, инструктор по бесна јога, кажала дека на многу од луѓето им е потребно да се ослободат од непотребните работи.


Таа нагласила дека лутината е ефикасен начин да стапиме во контакт со самите себе.
„Јогата сама по себе претставува спојување со самите себе. До тоа не се доаѓа само преку смиреност, медитации, вежбање во тишина, како што многумина сметаат дека треба“ – вели Ешли.
„Сите заради нешто сме лути во себе и премногу го чуваме бесот внатре. Овој метод овозможува да се ослободите од лутината и фрустрациите на здрав начин“ – објаснува таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.