Србија ќе стане белградски пашалак

Додека премиерот Заев декларативно на големо гради добрососедски односи со соседите, потпишувајќи договор и распродавајќи ги националните и државните интереси, градоначалникот Коцевски не ги бира зборовите и јавно упатува навредливи зборови кон српскиот народ и Република Србија.
Градоначалникот на општина Велес Аце Коцевски, кој доаѓа од редовите на СДСМ во вчерашното гостување во емисијата “24 Отворено“ јавно ги навреди Србите и Република Србија кога отворено кажа дека ако биле доволно паметни и мудри немало да го изгубат Косово, а ако вака продолжат можно е еден ден да ја изгубат и Војводина со што Србија ќе стане белградски пашалак.

– Како што има во Македонија, така и во Србија има многу радикални кругови тоа не треба воопшто да не загрижува, доколку тие беа мудри и паметни немаше да го изгубат Косово. Ако продолжат со погрешната политика можеби ќе ја изгубат еден ден и Војводина и ќе станат белградски пашалак, рече Коцевски.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.